четврток, април 25, 2024
домаНасловнаТри силни земјотреси ширум планетата, над 300 жртви во Иран и Ирак

Три силни земјотреси ширум планетата, над 300 жртви во Иран и Ирак

Три силни земјотреси се случија минатата ноќ и рано утрово ирум планетата. Погодени се области на границата меѓу Иран и Ирак, на истокот на Јапонија и на Костарика. Во Ирак и Ирак има над 300 мртви.

Во силниот земјотрес што ја погоди граничната област на Иран и Ирак Керменшах, според последните информации настрадаа 335 лица, а повеќе од 3.000 се повредени. Агенциите објавија дека јачината на овој земјотрес била меѓу 7 и 7,9 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер е регистриран денеска кај источниот брег на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт. Земјотресот, чија прва јачина е проценета на 6,1 степен, ја погоди областа 351 километри источно од Сендаи на островот Хоншу, на длабочина од 9,5 километри. Јапонската метролошка служба објави дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени.

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди крајбрежјето на Костарика, но за среќа нема жртви, а нее нанесена ниту материјална штета. Исто така, не е издадено ниту предупредување за цунами. Земјотресот е со епицентар на 43 километри југозападно од главниот град Сан Хозе на длабочина од 20 километри, соопшти американскиот Геолошки институт. Земјотресот ги погоди руралните области во близина на туристичкиот град Хака, пренесе Ројтерс.

Синоќа, имаше и три помали земјотреси на Балканот чиј епицентар беше кај Риека во Хрватска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ