сабота, јули 27, 2024
домаКујнаТурција ја укина вонредната состојба

Турција ја укина вонредната состојба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот сојузник во Владата, лидерот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели, се согласија дека вонредната состојба, која истекува во јули, да не продолжи, пренесува провладиниот весник „Сабах“.

Вонредната состојба во Турција беше воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година и оттогаш се продолжува на секои три месеци, пренесе агенцијата Ројтерс.

Во пресрет на изборите на 24-ти јуни, Ердоган вети дека ќе ја укине вонредната состојба ако победи. Ердоган освои 53 отсто од гласовите на претседателските избори, продолжувајќи го своето владеење до 2023 година, но со нови, широки овластувања, кои Турците ги поддржаа на референдумот минатата година.

Вонредната состојба им овозможуваше на Ердоган и владата да го заобиколат парламентот во донесувањето на нови закони и да не ги почитуваат правата и слободите. Ердоган истакна дека е потребна вонредна состојба за да се заштити земјата од безбедносни закани, но критичарите сметаат дека ова на шефот на државата му послужи да се справи со дисидентите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ