сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаТурција: Во несреќа загинаа 17 мигранти, 36 повредени

Турција: Во несреќа загинаа 17 мигранти, 36 повредени

Најмалку 17 лица, меѓу кои најмногу мигранти, загинаа во сообраќајна несреќа во источната турска провинција Игдир, објавија официјални лица денес. Несреќата, во која беа повредени 36 лица, се случи доцна синоќа.

Гувернерот Игдир Енвер Унлу рече дека минибусот полн со мигранти удрил во столб за осветлување и потоа се запалил. Некоизагинале од последици на самиот удар, а други кога излетале на сообраќајницата каде што ги удрил друг минибус, кој исто така носел мигранти.

Агенцијата Анадолија истакнува дека мигрантите се од Авганистан, Пакистан и Иран и нелегално мигрирале од Иран во Турција. Унлу го посети местото на несреќата, нарекувајќи ја „болна мигрантска трагедија“, објави АП.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ