четврток, декември 19, 2024
домаТехнологијаКомпјутериТвитер суспендираше 70 милиони сомнителни сметки

Твитер суспендираше 70 милиони сомнителни сметки

Во текот на изминатите два месеци, Твитер активно работи на “чистење” на својот систем од лажни сметки. Просечно дневно се отстранувани повеќе од еден милион сомнителни и лажни сметки, така што во мај и јуни се деактивирани повеќе од 70 милиони сметки.
Ова е направено за борба против лажните вести, кои се повеќе се застапени на социјалните мрежи. Ова е само (поагресивно) продолжување на кампањата за отстрануање на непожелните сметки. Во февруари се отстранети голем број на бот сметки, по што следеше ликвидирање на спамери кои само ретвитнуваа вести, се со цел промовирање на оригинална комуникација и интеракција. Суспендирањето на 70 милиони корисници звучи како куршум во ногата за компанијата која се бори да го зголеми бројот на корисници, но од Твитер тврдат дека тоа нема да влијае на бројот на активни корисници, туку напротив, ќе им даде силен поттик, обезбедувајќи платформа која носи релевантни информации.
Оваа акција се поврзува со неодамнешните критики презентирани од страна на независни истражувачи, како и некои компании на инвеститорите, кои бараа што е можно поскоро да се реши проблемот со ботови, тролови и други несакани сметки, за кои се верува дека имаа значително влијание врз гласачкото тело во текот на претседателска кампања во Америка во 2016 година. Од некои од овие сметки со помош на софтвер за автоматизација беа испраќани стотици твитови на ден, што всушност ефикасно ги „затрупуаа“ корисниците со лажни вести и дезинформации. Процесот на отстранување следи по неколкумесечно следење на активностите на секоја сметка и подетална анализа на информациите на Твитер од различни, неповрзани сметки. За ова, е употребена технологијата за вештачка интелигенција наречена Magic Pony, која Твитер ја купи во 2016 година. Резултатот од нејзината употреба е зголемено откривањето на несаканите сметки за дури 60%.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ