Во ООУ „Александар Македонски” се реализираше ЕКО акција за уредување на ЕКО катче.
Акцијата е донација од Еко Логистик Сервис која како еколошко одговорна компанија доставува пратки со хибридни возила со што влијае врз квалитетот на воздухот.
Во акцијата учествуваа претставници на компанијата, а ја реализираа учениците од ЕКО секцијата предводени од наставникот Софија Спасевска, во организација на одделенски наставник Александра Петровска.
Целта на акцијата е да се подигне свеста за климатските промени, да се актуелизира одржливиот транспорт, но и да се поттикнат учениците континуирано да се грижат за животната средина.
Засадените растенија истовремено се и автохтони кои преку своите листови го прочистуваат воздухот.
Учениците од „Александар Македонски“ преку еко активности до одржлива животна средина
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!