среда, ноември 20, 2024
домаЖивотВенко Филипче: Се уште не се размислува за отворање на градинките и...

Венко Филипче: Се уште не се размислува за отворање на градинките и училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција на прашање на ТЕХТ.МК  дали се планира наскоро отворање на градинките и училиштата кажа дека се уште не се разговарало на таа тема и дека е рано за тоа.

„Не, засега не сме имале вакви разговори и лично сметам дека е рано за тоа. Тоа што ги разлабуваме мерките не значи генерално разлабавување на препораките. Се уште е рано за разгледување за отворање на овие институции“ рече Филипче.

Деновиве се проширија (дез)информации дека наводно вработените во градинките и основните училишта добиле информации да се подготвуваат за отворање, прво на градинките, а потоа и на училиштата. Ваквата, евентуална одлука, се должела на заштеда во буџетот, бидејќи со тоа ќе се вратат на работа сите оние кои користат породилно отсуство, а кое сега иm го плаќа државата и според Одлуката ќе го плаќа се до донесување на нова Одлука, односно до отворање на градинките.

Родителите што имаат деца за во градинка, а што треба сега да ги запишат, постојано прашуваат како да го сторат тоа кога градинките се затворени веќе втор месец, а за упис се чека по неколку месеци. Според родителите и утре да ги отворат градинките, тие децата најрано ќе можат да ги носат дури од септември!!!

Ал.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ