Викендов (12-14 март) ќе се реализира крајот на европскиот проект „The Chorus Project“.
Завршниот дел ќе биде изведен со дигитален театарски фестивал, организиран од МКЦ Скопје и Апстарт Театар од Лондон.
На овој фестивал ќе бидат прикажани сите четири делови од претставата Орестија, адаптирани во нови дигитални формати, придружени со онлајн-разговори и работилници од нашите културни организации и од земјите партнери на проектот.



