четврток, мај 30, 2024
домаНаше БебеВнимавајте - „слајм“ играчките содржат бор!!!

Внимавајте – „слајм“ играчките содржат бор!!!

Внимавајте при изборот на играчка на вашите деца. Тие најчесто бараат да добијат игачка без да знаат дали истата е добра за нивното здравје или не. На пазарот се почесто има играчки со соминтелно потекло и играчкикои се штетни за нивното здравје.

Оваа недела на „удар“ најде се популарната лигава играчка или меѓу децата позната како „слајм“, а која низ продавниците насекаде во Македонија може да се најде во неограничена количина.  Системот за брзо предупредување од опасни производи (РАПЕКС) информира дека на пазарот се детектирани хемиски неисправни „лиги“ или „slime“. Имено, во жолтата боја на оваа лигава материја, од производителот GOGOPO /,GOOBANDS најден е висок процент на бор. Во известувањето од РАПЕКС се вели миграцијата на бор кај жолтиот гел е превисока (измерена вредност: 520 mg / kg).
Проголтувањето или контактот со прекумерна количина на бор може да му наштети на здравјето на децата со оштетување на репродуктивниот систем. Производот не е во согласност со барањата на Директивата за безбедност на играчки и релевантниот европски стандард EN 71-3 и затоа, се вели во нивното соопштение, се препорачува производителот да го повлече од продажба.

Имајќи во предвид дека „слајмот“ е омилена играчка и на децата во Македонија, внимавајте што им купувате.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ