понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотВо градинка ќе се оди со приоритет, а продолженото породилно ќе трае...

Во градинка ќе се оди со приоритет, а продолженото породилно ќе трае се додека се на сила времените мерки

И покрај ветувањето на министерот за здравство Венко Филипче дека денеска ќе има одлука за градинките, тоа не се случи. Како што неофицијално се дознава сопствениците на приватните градинки вршат голем притисок за отворање на градинките, додека државните не се подготвени, особено што не знаат како да го решат проблемот со бројот на деца кои имаат потреба од градинка, а го надминува надминува дозволениот капацитет според КОВИД протоколите.

Како и да е сè уште не е познато кога ќе почнат со работа градинките. Ќе се разговара повторно утре, но пак не е сигурно дека ќе има конкретна одлука. Министерот за здравство, Венко Филипче за Алсат соопшти дека се чека да се комплетира бројот на деца кои се запишани и испишани од градинките и потоа ќе се разгледува моделот на функционирање. Она што е скоро сигурно е дека 50% од досегашниот број на деца че остане надвор од градинките. И, веројатно тоа е и причина зошто толку се одолговлекува со одлуката, односно Владата бара решение како да обезбеди дополнителни пари за поддршка на работодавците за родителите на деца кои се запишани во училиште, веројатно и градинка, и кои се на возраст до 10 години

Во потрага по одговор до каде е со одлуката за отпочнување со работата на градинките, од МТСП за ТЕХТ.МК одговорија дека одлуката ја носи Владата на РСМакедонија.

„Министерството за труд и социјална политика како надлежно во делот на политиките за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, и Комисијата за заразни болести подготвија Протокол за активностите во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, што Владата го усвои на 29.05.2020 година.  Согласно Протоколот,  воспитните групи за деца до 2 годишна возраст треба да имаат по максимум 6 деца и групите за децата од 3 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца. Поради тоа што градинките треба да работат со намален капацитет и помал број на деца во воспитните групи а со цел пого​лема заштита на здравјето на децата, се утврди потреба  од одредување на приоритет додека трае епидемијата – Ковид 19.“ – се вели во информацијата што ни ја испратиај од МТСП.

Со оглед на погоренаведеното, приоритет во овој период за посетување на градинка ќе имаат деца на самохрани родители и деца на двајца родители кои се вработени и за тоа ќе донесат потврда во установата, а одлуката за згрижување на останатите деца  и упис на нови деца ќе ја донесе самата детска градинка доколку  има помал број на деца во групите од предвиденото во Протоколот и доколку просторните капацитети го дозволуваат тоа, објаснуваат од министерството.

Во информацијата од МТСП меѓудругото се вели:

„Воедно, Ве информираме дека детските градинки се тие кои што ја организираат работата во градинката согласно Протоколот, а основачите на Јавните установи за деца- детските градинки ( општините ) потребно е да изнајдат начин односно дополнителен просторен капацитет (адаптација на простории) за згрижување и на останатите деца кои се запишани или се  на листи на чекање. Согласно податоците кој што ги добивме од страна на детските градинки и општините, потребата во овој период  за згрижување на деца е 50% од вкупно запишаните деца.

Имајќи ја предвид сериозноста на пандемијата и ширењето  на вирусот, како надлежно министерство апелиравме  до сите родители кои имаат можност да ги згрижат своите деца на друг начин, да дадат предност на оние родители кои мораат да се присутни на работното место  а немаат каде да ги остават своите деца.“

На прашањето дали е решен статусот на родителите кои користат породилно отсуство и во овој период не можат да ги запишат децата во јасли, од МТСП велат: „Во врска со породилното отсуство, ве информираме дека согласно Уредбата со законска сила  за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19. На 27.05.2020 год. Владата оваа мерка ја продолжи. Отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа додека Владата не донесе одлука за враќање на овие работнички на работа, врз основа на препорака на Комисијата за заразни болести.“

Н.Доковска

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ