Пишува: Наташа Доковска
Додека денеска сите очи и уши се во исчекување на долго најавуваната одлука за начинот на кој ќе се одвива наставата, читам разно разни претпоставки, но ништо од одговорните. Ако, од нив не ни треба! Тие знаат само да донесуваат одлуки, но тешко да ги спроведуваат…Затоа пак, читам дека и градинките, особено приватните се подготвуваат за отворање. Ќе ги почитувале протоколите! Од некои градинки дури им се јавувале на родителите да ги информираат.
Но, јас сакам одговорните во институциите кои ги носат тие протоколи да изелзат и да кажат дека ја превземаат одговорноста за здравјето на нашите деца и се подготвени да одговараат макар и само ако едно дете да се разболи. Такво нешто до сега немам прочитано!
Во протоколите за градинките никаде не прочитав дека се забранети играчки?! Тоа колку за социјализацијата на децата! Кажете ми што ќе прават децата без играчки и без контакт? Ќе ги вадиме од памет! Ама важно е да ги носиме во затворени простории, каде немаат ни играчки, ни допир со другарчиња, ама затоа одредени интерси ќе задоволиме! За кава социјализација тука станува збор? Јас мислам само повеќе ќе ги исплашиме и од сопствените деца ќе направиме зомби!
И да, ако се е ок зошто е прогласена пандемија? И дали има јунак од одговорните да ни објасни, да не просветли што тоа значи?! И јавно да каже услови за деца во градинки и училишта ИМА или НЕМА. Никој, ама никој тоа не го кажува одлучно, туку сите само нагаѓаат, а родителите се нервираат и очекуваат.
Училиштата, пак, се друга приказна. Никој не се одважи да каже кое е решението со часови од 20 минути. Што по завршувањето на часовите? Или тоа не ги интересира! Кој ќе ги зема децата во 10 30 часот и кој ќе се грижи за нив до завршувањето на работното време?! Или тоа и не е важно, за тоа може ќе размислуваат дури откако ќе ги регистрираат недостатоците.
За другите препораки не сакам ниту да размилсувам, бидејќи училиштата немаат ама баш никакви хигиенски услови да се справат со пандемијата. Само не знам дали овие кои одлучуваат имаат деца кои одат во училиште и дали ги видели условите во кои децата им учат. Јасно ни е на сите како ден дека корона кризата нема да помине без последици, дека економијата е падната на колена, но да не дозволиме децата да ни бидат колатерална штета.
И не е тешко да се свртиме околу нас и да видиме што се случува во однос на ова прашање. Во Србија има десетина деца на респиратор меѓу 5-15 години, неколку градинки беа затворени само неколку дена по отворањето, а нешто помалку од 30% од капацитетот на градинките работат. Родителите на другите деца се снаоѓаат, но не дозволуваат децата да има бидат втуранати во ризикот.
Патем во интервју за Слободна Европа, директорорт на ЦЈЗ Скопје, Александар Стојанов тврди дека младите кои ќе завршат на респиратор имаат големи проблеми. Тоа ли ни треба?! Замислете средношколец кој патува од поливина час до 45 миниту за да стаса до училиште. Патува со автобуси каде заразата најмногу се шири, седи 4 часа (најмногу) во училница, и потоа на истиот начин се враќа дома! Дома има баба, дедо, родители, браќа, сестри…Заразата ја носи во себе, ја пренесува и сите заболуваат! Ова сценарио беше неколкупати објаснувано, ама тоа се кажуваше само кога на некого му беше во корист за собирање поени, сега веќе не им треба.
Исто така многу ме интеерсира зошто Филипче најави отворање на ковид центри во неколку градови низ државава ни, ако се е во ред и децата треба редовно да појдат на училиште и во градинка. Или, пак, свесен е за тоа што не чека, па на време да се подготват здравствените работници. Само колку за илустрација во Израел каде по отворањето на училиштето имаше по 1 500 позитивни на ден и каде за еден месец отворени училишта се заразиле над 2000 деца и наставници. Во САД, според новиот извештај на Американската академија за педијатрија речиси 100.000 американски деца добиле позитивен резултат на тестот за коронавирус за само две недели, а 25 деца починале само во јули во САД од коронавирусот. И што се 25 деца?!
Како и да е да почекаме да заврши состанокот на МОН и Комисијата за заразни болести, иако искрено не верувам дека денеска ќе има одлука, а верувам нема ни да има се до формирање на нова влада бидејќи нема кој да ја прифати одгвоорноста за здравјето на децата.
Државата наместо да се расфрлаше со ваучери за туризам, кои ваучери во голем број се препродаваат, да ги собираше парите за плата на по еден родител кој ќе остане дома со децата, ќе направеше вистински потег. Ама, коронава некако не изненади пред избори, па мораше да се пазариме за гласови!
Како и да е одговорните треба да одговорат на многуте прашања на родителите, бидејќи не смеат да заборават дека децата се на родителите и никој нема право во услови на пандемија да одлучува за здравјето на туѓите деца!!!