домаВо Кинотека од четврти јуни, "Недела на јапонски филм" 

Во Кинотека од четврти јуни, “Недела на јапонски филм” 

На четврти јуни во 20 часот ќе започне четиринаесеттото издание на „Недела на јапонски филм“ во Кинотека на Северна Македонија.
Оваа година повторно, два филма ќе се прикажуваат и во НУ Центар за култура – Битола.
За првпат публиката ќе ужива во јапонските филмови „под ѕвездите“ на отворено во кината во Скопје и Битола.
Амбасадорот Савада Хиронори ќе ја отвори овогодинешната „Недела на јапонски филм“ во петок на четврти јуни во 20 ч. во Кинотека на Северна Македонија.
Селекцијата на пет долгометражни филмови и четири стоп-анимации е од сите жанрови за сите возрасти.
*Проекциите се бесплатни, но заради КОВИД-19 протоколи, местата се ограничени. Задолжително е носење на маска за време на проекциите.
Кинотека на Северна Македонија

04.06.2021 Петок – „Покажи ми го патот до станицата“
05.06.2021 Сабота – „Ресторан од небото“
06.06.2021 Недела – „Само мачката знае“
07.06.2021 Понеделник – Стоп-анимации на Такеши Јаширо“
08.06.2021 Вторник – „Ручекот на тато“
09.06.2021 Среда – „Секој ден е добар ден“

Центар за култура – Битола

10.06.2021 Четврток – „Покажи ми го патот до станицата“
11.06.2021 Петок – „Ресторан од небото“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ