петок, декември 20, 2024
домаВо пукање во Арачиново повредено едно лице, цел бил градоначаникот

Во пукање во Арачиново повредено едно лице, цел бил градоначаникот

Во напад и пукање со автоматско огнено оружје денеска попладне во Арачиново, рането е едно лице кое било во придружба на градоначалникот на општината, пренесе Телма.

Како што изјавиле за Телма од Ургентниот центар, ранетиот има прострелни рани на градниот кош, а според потврдени информации целта на нападот бил градоначалникот на Арачиново.

Кон Арачиново се упатени и полициски единици за обезбедување на местото и увид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ