сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеВо САД повлечено одобрението за лечење корона со хидроксихлорокин

Во САД повлечено одобрението за лечење корона со хидроксихлорокин

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го повлече итното одобрение за употреба на хидроксихлорохин, лекот против маларија, за третман на лица заразени со коронавирус.

Федералната регулаторна агенција соопшти дека го разгледала истражувањето и дошла до сознание дека не е веројатно оти хидроксихлорокин и хлорокин делуваат против вирусот.

Покрај тоа, додала, дека можните негативни последици ги надминуваат позитивните.

Одлуката е донесена откако неколку студии покажаа дека лековите биле неефикасни, вклучително и една студија од овој месец, во која се вели дека хидроксихлорохинот не успеал да ја спречи инфекцијате кај луѓе кои биле изложени на вирусот.

Хидроксихлорокин беше агресивно промовиран од претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека тоа би можело да биде чудотворен лек. Самиот Трамп го користел лекот како превентива, откако две лица кои работеле во Белата куќа се заразиле од вирусот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ