Српските медиуми пренесуваат дека фабриките, градинките, училиштата и студентските домови се извор на корона вирусот. „Блиц“ пишува дека откако владата на Србија одлучила да се попуштат мерките и животот да се врати во нормала, се отворија образовни институции и фабрики, а сега се случува тие места да станат „нови жаришта“.
Во последниве денови, имаат случаи на ново заразени лица во училиштата, градинките, старските домови и фабриките. Прашањето е дали причината е недоволното почитување на мерките за заштита – носење маски и ракавици, растојание од два метра и слично, или пак тоа што младите луѓе доаѓаат од различни места и се потенцијални носители на вирусот.
Последниве денови се регистрирани нови заразени во градинки и во студентски домови во Белград, како и во фабрики. Вирусот, како што пренесува Блиц, повторно се вратил во фабриката за мебел „Симпо“ во Врање. Локалната страница Инфо Вранијче пишува дека има десетина нови пациенти во „Симпо“. Тие известуваат дека има и заразени лица во градската управа, но тие информации не биле потврдени за „Блиц“.
Д-р Бранислав Тиодоровиќ, исто така, укажува на фактот дека неколку илјади студенти се вратиле во своите домови, и дека дури и во тој случај треба да се обрне дополнително внимание, затоа што младите доаѓаат од различни страни.
– Мораме да обрнеме внимание на студентските домови, голем број млади од странство дојдоа во Белград, тие сигурно го донесоа вирусот од областа од каде што дојдоа – рече утринава д-р Бранислав Тиодоровиќ.
„Релаксацијата може да ги доведе во опасност малите колективи“
Сепак, директорот на Институтот Трамплин, Верица Јовановиќ, тврди дека епидемиолошката состојба во Србија е стабилна. Таа исто така апелира за лични заштитни мерки и лична одговорност.
Таа потенцира дека се следи епидемиолошката состојба во светот и дека се решени да се вратат на редовни активности, но апелираат на самоконтрола и затегнување на личните односи кога станува збор за колективи и собири кои треба да се сведат на минимум.
„Неопходно е да се земат предвид личните односи кога станува збор за хигиена на рацете и препорачаната физичка далечина“ – заклучи таа.
Н.С.