Смреката (Juniperus communis), кај нас позната како боровица или клека, е лековит грмушест вид чиј плод созрева од август па сè до почетокот на зимата. Најдобро време за берба е кога бобинките ќе добијат темносина боја – тогаш се целосно зрели и содржат најмногу лековити материи.
Боровицата е дел од народната медицина уште од дамнина. Се користела за лекување рани, потешкотии со варење, бубрежни тегоби, а денес е препознаена и како природен антибиотик кој делува на инфекции на уринарниот тракт.
Покрај тоа што има примена во кулинарството, од смречините бобинки се подготвуваат чаеви, тинктури и лековити напивки.
Рецепт – сок од смречини бобинки
Овој природен напиток го регулира шеќерот во крвта и делува детоксикациски. За подготовка се потребни:
-
малку помалку од една шолја зрели смречини бобинки
-
половина јаболко
-
неколку тенки парчиња лимон
-
1 литар вода
Подготовка:
Бобинките се мијат и се ставаат во стаклена тегла заедно со јаболката и лимонот, потоа се прелеваат со вода. Смесата треба да отстои 10–12 дена на топло место. Потоа се процедува и се пие секое утро по една чаша.
Овој напиток го регулира шеќерот во крвта и ги намалуваат триглицеридите, има антибактериски и антифунгални својства, ја подобрува дигестијата и помага при намалување на телесната тежина, делува диуретички и антиинфламаторно и го зајакнува имунитетот.
Бобинките може да се консумираат и свежи – добро џвакани – што дополнително помага во борба против инфекции и го зацврстува организмот.
Смреката е природен дар кој, кога правилно се бере и употребува, може значително да придонесе за здравјето и благосостојбата.
А.Н.

