четврток, април 25, 2024
домаЖивотСоцијална политика„Времето истече“: Холивуд против сексуалното вознемирување

„Времето истече“: Холивуд против сексуалното вознемирување

Повеќе од 300 холивудски актерки, писателки и режисерки започнаа масовна кампања против сексуалното вознемирување на работа.

Иницијативата “Времето истече“ (Time’s Up), која беше објавена на цела страница, “Њујорк тајмс”,  додека на неговата веб-страница во “писмото на солидарноста” се вели дека мора да се стави крај на борбата на жените за да се пробијат и да се слушнат.

“Му истече времета на сексуалните напади, малтретирањата и нееднаквоста на работното место. Време е да се направи нешто против тоа.”

Писмото е упатено до “секоја жена што морала да се одбрани од сексуален напад”, и во него се вели дека таквите вознемирување често продолжуваат бидејќи сторителите и вработените никогаш не се соочиле со последиците, пренесува Би Би Си.

Холивудскиот проект е опишан како “обединет повик за промени од страна на жените во индустријата за забава за жените насекаде” уследи по серијата обвинувања на познати актерки за сексуално малтретирање против продуцентот Харви Вајнштајн.

Кампањата, која е поддржана од страна на стотици актерки вклучувајќи ги и Натали Портман, Рис Витерспун, Кејт Бланшет, Ева Лонгорија и Ема Стоун, веќе има собрано повеќе од 13 милиони долари, а кои ќе бидат потрошени за правна помош на жени и мажи жртви на сексуално малтретирање на работното место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ