Пишува: Филип Спировски
Од аголниот прозорец на хотелската соба на третиот кат се гледаа осветлени облици на згради со чудни форми, вишни кон облаците…
Фреди е дебранец, бизнисмен. Сопственик на мал хотел во центарот на европска Тирана. Иако е со бугарски документи се одлучил да дојде тука. Скопје му е подалеку. Тирана му е на дофат. Познат јазик, навики и особини пресудиле за одлуката.
Знаци над булеварите: „Ја сакам ЕУ“, од кого и да се платени, говорат за европскиот пат на Албанија. Уште повеќе говорат и инфраструктурните достигнувања, бројот на туристите и современите практики (ел. автомобили и сл). И сево ова подалеку од прекрасните води на Јадранското и Јонското море. Таму е друга, поверодостојна приказна на европскиот – би рекол на светскиот пат.

Мене ми се натажи срцето. Во овие 30 години имав можност 30 и повеќе пати да доаѓам тука и да бидам сведок на промените: од пепел и кал до сјај. Каков и да е посјаен е од сјајот на западниот сосед. Затоа Фредиевци се одлучуваат за Албанија. Бугарските документи се уште еден нож в грб на македонското битие кое се препелка во прашините на инфраструктурниот бум 15-20 години.
Брегот и туристичкиот потенцијал, како и аеродромско авионските можности се за друга приказна, веројатно многу слична на горнава со италијанско грчки мирудии зачинета.



