сабота, ноември 23, 2024
домаЖивотЖивотна срединаЗа околината сме одговорни сите

За околината сме одговорни сите

Милеу контакт Македонија обедини 30 граѓански организации од Македонија во мрежа за градење на капацитети со цел за унапредување на демократските процеси во земјава. Предзнакот кај сите е грижата за животната средина. Што е предизвикот што ги привлече овие организации, кои се избрани во процес на проценка за соодветност, да се здружат, кога во минатото многу вакви обиди траеле додека имало средства предвидени со буџетот на проектот? Или што е тоа што е поразлично сега?

Македонија како земја потписничка на Архуската конвенција (1999) која ги поврзува одговорностите на државата со заштитата на животната средина, гарантирано право кое веќе 19 години се злоупотребува со формално партиципирање, непочитување и декларативно затскривање зад конвенцијата. Правната помош која е неопходна во многуте случаи на непочитување и занемарување на обврските од конвенцијата, недостасува, а за неа се заинтересирани постојано граѓанските организации со еколошки предзнак. Оваа мрежа за прв пат обединува организации со искуство во согледувањето на недостатоците, организации водени од доктори на науки, магистри и практичари по екологија, организации докажани во мобилизирање на граѓани иако постојат од неодамна, организации со експертски бекграунд во полето во кое делуваат. Императивот на сите потписници на оваа мрежа, која е од отворен карактер, е промовирање на еколошката демократија преку формирање на Архус центар кој е докажана придобивка во многу од земјите каде постои.

И конечно применливоста на конвенцијата да се содржи во проектите на сите граѓански организации а не само оние со еколошки предзнак, бидејќи за животната средина одговараме сите.

 

 

 

 

 

 

 

Ф. Спировски

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ