Фејсбук го откри она од што многумина се плашеа. Шефот Марк Цукерберг потврди дека на речиси сите две милијарди корисници им се загрозени личните податоци, односно дека „трета страна“, без нивно одобрување, веројатно им ги зела личните податоци.
Од најголемата светска социјална мрежа најавија дека во иднина ќе го заостри пристапот до информации за своите две милијарди корисници, пишува „The Next Web“.
И натаму тврдат дека британската компанија „Кембриџ аналитика“ на непрописен начин и без дозвола на корисникот дошла до податоци за 87 милиони луѓе, од кои повеќето живеат во САД. Оваа компанија е поврзана со крајно десното крило на Републиканската партија, а бројката од 87 милиони луѓе е поголема за 37 милиони отколку што мислело.
Поради овој скандал, Фејсбук планира драстично да ги промени односите што ги има со т.н. „апликации на трети страни“. Во овој случај, се работи за оние што ги изработил самиот продавач, а не изворниот доставувач на платформата, пренесува „Индекс“.