сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаЗарина Првасевда со концертна промоција на својот прв албум "ЕХО"

Зарина Првасевда со концертна промоција на својот прв албум “ЕХО”

На 15 април со почеток во 20 часот во Македонската Филхармонија ќе се случи долго очекуваниот и најавуван настан на Зарина Првасевда каде таа ќе одржи свој солистички концерт-промоција на нејзиниот прв  официјален студиски албум, насловен како “ЕХО” кој во деновите што следат ќе излезе под етикетата на Croatia Records, која важи за најголема и најпродуктивна издавачка куќа на Балканот од ваков тип.

Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани а отпејан на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.

Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав : Филип Димишковски, Ратко Даутовски , Дејан Цветковски , Драган Теодосиев, Благојче Трајковски , Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир .

Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

“Овој концерт претствавува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми , со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно. Со голема радост и срце полно љубов и музика, ве очекувам на 15 Април! “, вели Зарина.

Продажбата на билетите ќе започне од 04.04.2022  и истите ќе можете да ги набавите онлајн на овој линк : Зарина Првасевда & ансамблот – „Ехо“ – karti.com.mk  како и во сите продажни места на karti.com.mk по цена од 500 денари или по цена од 600 денари на денот на концертот на врата во Македонската Филхармонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ