сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаЗемјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди југот на Иран

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди југот на Иран

Иранската државна телевизија објави дека земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер погоди зафрлен, планински регион на југот од земјата, но нема информации за загуби или штети. Земјотресот денес го погоди градот Сисакт, околу 700 километри јужно од Техеран. Околу 10.000 луѓе живеат во градот, објави АП.

Иран е подложен на речиси секојдневни земјотреси, бидејќи лежи на неколку геолошки рабови или расцепи. Во ноември минатата година, повеќе од 600 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7,2 степени во Рихтер кој го погоди западен Иран.

Земјотрес со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер го срамни со земја историскиот град Бам во 2003 година и однесе 26.000 животи, потсетува АП.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ