вторник, ноември 19, 2024
домаНеаЗЕОООП најавува вклучување на „климатските промени“ во образованието

ЗЕОООП најавува вклучување на „климатските промени“ во образованието

Немањето на квалитетни и навремени податоци за климатските промени може да оневозможи да се донесуваат одлуки засновани на информации за приоритетните политики за ублажување и адаптација на климатските промени. Недостигот на податоци исто така може да биде и пречка за учеството и активната улога на чинителите. Ова е дел од резултатите од истражувањето на организацијата ЗЕОООП за еколошкото образование.

„Анализирајќи ги образовните програми во нашите Основни училишта – дојдовме до основниот проблем на кој што треба да се работи, а тоа е недоволната едукација и минималната застапеност на информации во образовната програма во врска со климатските промени.Подигнување на капацитетите за оваа тема кај децата/учениците, родителите но секако и кај наставничкиот кадар се проблеми кои не се надминуваат, ниту постои било каква иницијатива да се решаваат, затоа потребни се отворени денови за едукација и комуникација меѓу засегнатите страни“ – велат од ЗЕОООП.

Недостаток на активности кај сите три целни групи, неправилно искористени часови со ЕКО – содржини, многу мала реализација на истите,создаваат голема потреба за промена на воспитно – образовните часови ( бидејки 30% од часовите треба да бидат со ЕКО – содржини ), потребно е   обезбедување на ресурси и наставен кадар со соодветни познавања во областа на климатските промени.

Од ЗЕОООП велат дека само со климатска акција ќе се дојде до одржлив развој, а недоволна информираност на локалното население за причинско – последичните појави од Климатските промени ќе се покрие со достава на едукативен материјал, а притоа ќе се користат Еко возила.

Во рамки на нивната активност организираат работилница на тема ”Климатските проомени во образованието ”  која ќе се одржи на 19 Март, 2021 година (петок), со почеток во 13.30 преку електронската платформа Zoom.

Здружението  за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес, ЗЕОООП – Скопје, овозможува едукација и проучување за важноста на образованието за животна средина и модернизација во образовниот процес, од гледна точка на социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичниот однос помеѓу човекот и неговата околина.

Н.Д.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ