четврток, декември 26, 2024
домаЖивотЖените во Македонија сакаат да се воведе „менструален одмор“

Жените во Македонија сакаат да се воведе „менструален одмор“

Концептот на менструално отсуство започна во Јапонија на почетокот на 20 век. Во 1920-тите, јапонските работнички синдикати започнаа да бараат отсуство (сеири киука) за своите работнички. Во 1947 година, во Јапонија стапи во сила закон со кој им се дозволува на жените за време на менструација да имаат слободни денови. Оттогаш законодавство од ваков вид, има само во неколку земји. Но, со отворањето на прашањето за менструално здравје и обврската на земјите да ја исполна целтта 6.2. од Целите за одржлив развој, повторно се актуелизира ова прашање.

Граѓанската организација Новинари за човекови права во своите намери да го унареди управувањето со менструалното здравје, го отвора ова прашање и кај нас. Дебатата продолжува особено околу тоа дали станува збор за медицинска потреба или дискриминаторска мерка.

Наташа Доковска од НЧП објаснува дека спровеле анкета на која имало сет прашања на оваа тема, а од резултатите може да се констатира дека жените се заинтересирани за воведување на ваков вид на политика и кај нас.

На прашањето дали отстуствуваат од работа, 67.9 % од 500 испитанички одговорија дека не отсуствуваат, за разлика од 32,1% кои редовно отсуствуваат.

 

 

Од оние што отсуствуваат 78.3% отсуствуваат поради дисменореа (менструални болки), додека 16,3 отсто од испитаничките велат дека немаат услови за управување на менструалното здравје на работа, а 5,4 % не одат на работа поради тоа што не се чувствуваат пријатно.

Интересен е податокот што само 37 % од жените кои учествуваа во анкетата слушнале за менструален одмор.

Во Европа, во моментов нема земја со национална политика за менструален одмор. Една од стратегиите на земјите-членки на ЕУ, како и рамката на СЗО за европска политика, Здравство 2020, е решавање на здравствените и безбедносните прашања што ги засегаат жените. Но, има организации кои сметаат дека политиката за менструален одмор ги означува сите жени со болни менструација и на тој начин го потенцира сексизмот; како и тоа дека таквата политика може да ја зголеми пристрасноста при вработување и унапредување на жени. Предлогот на италијанскиот парламент да воведе политика за менструален одмор во 2017 година предизвика дебата во Европа за тоа како менструалното здравје влијае на жените во работната сила. Предлог-законот требаше да воведе политика за компаниите да нудат тридневно платено отсуство за жени кои страдаат од тешки менструални болки. Сепак, политиката не беше прифатена, како што не успеа ни иницијативата на жените во Русија во 2013 година.

Сепак, некои компании имаат таква политика. Најк, на пример, вклучи менструален одмор во Кодексот на однесување во 2007 година, имплементиран низ целиот свет, каде и да работат. Најк ги обврзува деловните партнери да ги следат принципите на кодот со потпишување на меморандум за разбирање. Синдикатот на работниците во Австралија (АМВУ) започна кампања за менструален одмор за вработените жени во Тојота. Синдикатот побара секоја жена да добие 12 платени денови на менструација за жена годишно.

Коегзист, фирма за интереси во заедницата во Бристол, воведе „политика за период“ со цел да им се даде на жените поголема флексибилност и поздрава работна средина. Со надеж дека ќе го сруши табуто за менструација, Коегзист стана првата компанија во Обединетото Кралство што ја спроведува оваа политика.

На анкетата спроведена од Новинари за човекови права 91.6 % од жените сакаат политика на менструален одмор да се воведе во работната средина во која работат, додека 4,3 отсто се против ваквата иницијатива и исто толку не знаат дали треба да има менструален одмор.

Скоро 70 отсто од испитаничките сметаат дека тоа треба да биде платен одмор, 19,3 % да биде неплатен, а 13,2 % сметаат дека треба да се одземаат денови од годишниот одмор.

 

Додека некои земји имаат политика во корист на менструалниот одмор, во други започнуваат вакви дебати, се уште има случаи каде постои стигма во врска со ова прашање бидејќи жената верува дека ова е лично прашање и за истото не сака да говори со менаџер – маж. Во исто време, постојат аргументи дека тоа може да ги прикаже жените како помалку способни од мажите и затоа може да доведе до понатамошна дискриминација на жените.

Во моментов повеќе европски држави го разгледуваат предлогот кој ќе придонесе до отстранување на стигмата, а тоа е да се обезбеди дополнително медицинско отсуство за лица од двата пола.

А.Н.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ