четврток, мај 23, 2024
домаНасловнаЖенски приказни: Невеста од Албанија и мажење преку Интернет

Женски приказни: Невеста од Албанија и мажење преку Интернет

Валентина Ѓоргиевска Парго

Деновиве се оствари „Пепелашка“. Светот ја доби првата принцеза, која од скромно миље, но се омажи за најпосакуваниот ерген на Планетава- најновата британска принцеза. За нивната љубов и рскршување на низа табуа, восхитот е голем и кај публиката.
Да се омажи за принц е сон на секоја млада девојка, пред да го запознае Животот и Љубовта, дека тие си имаат свои правила, дотколку повеќе ќерките сонуваат дека ќе најдат побогат и од побогата средина. Сонот, им го подгреваат мајките, велат психолозите.
Според повеќето психолози кажувањето на бајки е опасно, за цртаните филмови велат дека не се безопасни и дека загриженоста кај за оваа тема е се поголема.
Девојчето ги прима информациите уште од малечка, и на основа на тоа го гради својот модел за бракот. Врз основа на моделот од бајките сказните и цртаните филмови, во нивната свест се формриа матрица според која ќе го избираат животниот партнер. Значи, тој треба да биде како во бајките- убав паметен,и пред и над се богат и од подобро место на живеење.
Психолозите сметаат дека со овие размислувања се деформира свеста и правилното оформување кај девојчињата, односно се врши промена на психата на детето. Фокусот понатаму е да се најде таков маж, по секоја цена, некогаш друи и несвесно или потстврсно
Идиличната слика на стапување во среќен брак, односно богат брак, може да креира стереотипи во малечкото детско главче, кое ќе го следи во животот и понатаму и тоа ќе се одрази кога ќе треба да ја направи најважната одлука- да рече „да“.
Неретко тоа создава и женски фигури со низок морал. Или трчајќи по висок стандард и луксуз- да се омажи богато, да има чистачка додека го пие своето кафе или децата и се во градинка, да добие престој и пасош во подобра земја… дури и да не е свесна дека тоа го прави од други побуди.
Се случува девојка туку- така наеднаш да се заљуби во момче по несреќна љубов. Се случува девојка да се „заљуби“ во момчето кога ќе види дека и се отвора можност за подобар живот и со повисок стандард, и без да го сретне во живо, и да се одлучи да се омажи и без да му ги види очите, без да му почувствува допирот, без да ја почувствува неговата природна енергија. Едноставно, првата прилика, кога ќе добие поканата, без размислување веднаш „лета“ кај него. Особено ако останала на улица, изгубила работа, не се прославила во својата професија колку што сакала, и слично.
Мајката и мајчинството во традиционален облик значат среќно заљубена жена во момче кое го одбрала без оглед на финансиите и можностите кои ги поседува, а понатаму и креирање на сопствено семејство.
Но, колку е тоа реалната слика? Во современиот свет се послабо.
Последиците што ќе останат скриени се до некој зрел период од животот, кога „принцезата“ ќе почне да се кае за стореното и ќе почне самата себе си да се прашува и сомнева во своите мотиви, разислувајќи дали би се „заљубила“ во нејзиниот избраник доколку тој живееше во село, со понизок стандард и слично.
-Бев зачудена и стаписана кога дознав дека мојата колешка, откако останавме без работа, веднаш се реши да се омажи за момче кое ја побарало преку Интернет, вели една над триесет годишна девојка за својата колешка, која се сомнева дека во овој случај се родила вистинска љубов, а тврди дека во тоа се сомневата и сите што ја познавале.
-Мајка сум и долго се прашував како мајка и се осудила да ја пушти во далечина, без да го знае и познава човекот, раскажува мајката на девојката.
Но, „нарачувањето невеста преку Интернет“ не е својствено за девојките кои не се впуштаат така лесно во потрага по „луксузен живот“.
Појавата на „побогато“ мажење од реалниот живот на девојката е развиена за пониско развиените подрачја и земји. И за „неостварените принцези“ кои сонуваат бајки. На Балканот во последните години беше развиен тренд на мажење на девојки од поскромни места од Албанија, а од Македонија за Америка, Австралија, богати земји на Европска Унија, Канада…впрочем, од каде што дошла првата шанса за „лет во бел свет“.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ