сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаЖенски приказни: Позната пејачка во очи 8 март претепана од својот сопруг!

Женски приказни: Позната пејачка во очи 8 март претепана од својот сопруг!

„Ми требаш итно“, гласеше нејзината фб порака, на која итно и одговорив со впишување на мојот мобилен број. Знаејќи ја дека никогаш, ама баш никогаш, не се обраќа без конкретна потреба, очекував дека ќе слушнам нешто вознемирувачко, а и тоа „итно“ носи во себе нешто опасно. Претчувството не ме излажа.

По десеттина минути се уверив. Нејзиниот убав ѕвонлив глас трепереше:
-Ме претепа сопругот пред два дена, завршив на болница, сега излегувам, ми соопшти позната пејачка.

Нецели две минути траеше нашиот разговор. Ме запозна со ситуацијата. Нивниот хармоничен брак престана да ја има таа форма пред два дена. Во моментот кога му префрлила дека знае дека ја изневерува со неморални жени, тој добил животински облик на ликот.

-Збесна. Полуде. Очите му заискрија. Најпрво ме удри силно со бокс, во дневната соба. Потоа ме однесе во другата соба. Ме тепаше безмилосно. Неговите боксови беа по целото мое тело. Ме тепаше без контрола. По главата, по телото. Сета сум лом. Не знам како преживеав. Да не тропнеше ќеркичката на врата и да не му речеше „немој да ја тепаш мама!“, не знам дали ќе прекинеше да ме мава и да ме дави. Така насилнички, без милост. Со боксови. Еве овде над желудникот се уште ме боли, преку телефон пластично ми опишуваше, чиниш ме гледа пред себе.

Пејачката раскажа дека така истепана завршила на креветот и речиси во безсознание, а малолетната ќерка ја разбудила и дала малку сила. Отишла до најблиската амбуланта да ја преврзат, се вратила дома да се пресоблече, да ја земе ќерката и ја однеле во Градска болница, каде ја задржале на лекување два дена.

-Ја зедов нашата ќерка и заминав. Родителите , на кои им јавив да дојдат, ме чекаа пред врата. Си заминав. Алфите и полицијата уште истата вечер дојдоа во болница, им раскажав се. Ова е прв пат да ме истепа сопругот. Не се случило!

Не така одамна истата пејачка, ни соопшти дека и нејзината сестра пред една деценија била жртва на големо насилство од партнерот, на кое биле изложени сите од потесното семејство, едвај се спасила и заминала од Македонија, мажејќи се за нормален човек, далеку.

-Ти се јавив само за да ти кажам. Како активистка за правата на жените и за борба против насилство, и сама знаеш сум учествувала во акции. Овој пат сакам да апелирам по повод 8 Март- НЕКА ПРЕКИНЕ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ!!!

Станува збор за високо образована личност, со убава професионална позиција. Таа објасни дека полицијата ќе поднесе кривична пријава протов нејзиниот сопруг а и таа размислува да поднесе лична пријава.

-Се двоумам, но морам да се заштитам себе си, рече пејачката која пред само неколку месеци во интимен разговор, возејќи се во автомобил, емотивно ми раскажуваше: „Многу ги жалам жените кои се жртви на насилство, и секогаш сум тука да поддржам секаква акција за спречување на жените- жртви. Јас многу го сакам мојот сопруг. И тој мене. Бранот ни е супер. Ми беше најдобар другар цела младост, и кога ја раскинав долгата врска со тогашното момче, без двоумење ми стана мојот избор, мојата вечна Љубов“…

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ