четврток, април 25, 2024
домаНасловнаЖенски приказни: Познати личности- насилници и насилнички!

Женски приказни: Познати личности- насилници и насилнички!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Говорот на омраза е кривично дело во Република Македонија. Од февруари 2014 во Република Македонија стапија во сила нови законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа.

Со измените на Кривичниот законик кои Собранието по итна постапка ги усвои на почетокот на 2014 година и стапија во сила во средината на февруари (осум дена по нивното објавување во Службен весник на Р. Македонија, бр. 27 од 05.02.2014 година) членот 319 сега гласи: Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

(1) Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките, верските и други симболи, со палење, уништување или на друг начин оштетување на знаме на Република Македонија или знамиња на други држави, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг дискриминаторен начин, непосредно или посредно, ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Тој којшто делото од ставот (1) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Со овој член е предвидена казна со затвор од една до пет години, за секој кој ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост, врз некоја дискриминаторска основа.

*

Поводот за потсетување на овој закон, во мноштвото негативни коментари на фејсбук, е и неодамнешната објава на извесно ТВ лице поврзано со извесна новинарка. Водителот објави фб пост, без да наведе од каде го презел, видел, прочитал, и навел грст навреди, омаловажување и потсмев за новинарката на личен, професионален, приватен и професионален план.

Законот е тој, ќе си го стори своето. Но, да се осврнеме и на оној другиот, посуптилен, дел. Поттикнување на омраза преку говор, и нетрпеливост, омаловажување, психичко малктретирање, потсмев, навредување и атак на личност, е кривично дело кое има и психолошки ефект. Во коментарите, напишани од неговите следбеници, на јевен пост и профил над 5.000 луѓе и околу 15.000 следбеници, водителот со видлив восхит, ги менаџираше и одобруваше негативните коментари, во кои беше изнесено дека новинарката е „талент“, нереализирана жена, немажена, нема деца, стара, дебела и со неуспешна музичка кариера. И дека и треба психијатар.

Сите овие описи, поставени од читателите- насилници, а одобрени и потврдени од водителот- насилник, од друга страна замислете колку лица повредиле, колку жени/ мажи со неуспешна или полу-успешна музичка кариера, со дебел изглед, со неостварено мајчинство/ татковство, жени кои никогаш нема да станат мајки, баби, па дури и мажи кои нема да станат татковци. Или, колкумина повредиле од оние кои посетуваат психијатар или некој од нивните блиски. Оставени и разведнеи жени, или деца оставени, непризнати,откажани или напуштени од своите родители, мајки кои самохрано растат и воспитуваат деца, без соодветна грижа од другата страна. Колку ли негови колеги, колешки, роднини и пријатели повредиле во тие одобрени коментари со говор на омраза? Дали воопшто помисли на тоа? И додека некому е стил на живот, таков каков што е, има луѓе кои се хиперсензитивни на она што го немаат во Животот, или она што не успеале, и чувствувата голема болка поради тоа.

Она што јавните личности имаат мисија, односно мора да го прават, е првенствено да шират позитивна. За уште пострашна слика, коментарите и „лајкери“ беа и други познати лица. Пејачки, пејачи, водителки, новинари од портали, поранешни мисици, спикерки, со чии изјави ширењето говор на омраза беше продлабочено. Од една страна настапија вербалните насилници и насилнички, а друга страна, како публика, беа инволвирани и млади лица, кои секогаш го следат однесувањето на оние кои ги гледаат на телевизија.

Дали тоа е пример како треба во јавност да изгледа и да се однесува една јавна личност? Дали насилството кое го манифестира треба да биде составен дел од неговото однесување? Во Македонија многу често на вербални насилства преку медиумите интензивно се изложени поранешна водителка, пејачки, а поранешна Мисица само поради нејзиниот кетвок беше растргната од насилни коментари. Без никакво кривично дело, а ни престап. А не треба да биде изложени- Никој и Никоја. Зошто говорот на омраза е и кривично дело и психолошки стрес.

Време е да се стави крај на тие практики, кои последниве години зедоа преголем замав. И не смее да се премолчуваат и овие насилства, вербални насилства, како и ширењето говор на омраза, за да се воспостават криетериуми како треба да изгледа една јавна ТВ личност и пример за младите генерации, да се воспостават критериуми на меѓусебно однесување.

Во спротивно водители, водителки, пејачи, пејачки, новинари, новинарки,- насилници и насилнички, не му се потребни на општеството, и не смее да им се дозволи да го преземат приматот, а ни јавната медиумска сфера.

Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ