петок, декември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Притисоците поради недозволена вљубеност ја доведоа до нервен слом

ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Притисоците поради недозволена вљубеност ја доведоа до нервен слом

До пред нивниот развод, тие беа најпроблематичниот случај во зградата . Пред три години во стан број 19, на третиот кат се всели трочлено семејство, на местото на старите сопственици, исто така трочлено семејство, со тинејџер кој често се судруваше со законот.

Со претходното семејство, на професорка, возач на камион и син деликвент , соседите немаат раат. Постојано беа вознемирувани од испадите на нивниот син, кој често им покажуваше дури и огнено оружје, се дружеше со сомнителни типови, и понекогаш правеа неред и поситни кражби со момчето врсник од поткровје, кое конзумираше дрога и млад го заврши животот.

Семејството набрзо банкнотираше поради коцкарските долгови на синот, и го продаде станот, за да се пресели во селска кучичка во родното село на  таткото, главата на семејството.

Новото, навидум мирно семејство, од сам почеток го доби респектот на сожителите. Тие се радуваа што на третиотт кат ќе имаат средено семејство, мирни луѓе. Но, и тоа траеше кратко.

Таша, жена на 40 годишна возраст, до неодамна директорка на јавно претпријатие, брзо напредуваше во својата професија, најмногу поради политиката на која и беше наклонета. А, и  сопругот Михајло, на  47 годишна возраст-работеше како шеф во фабриката за камиони. Добро ситуирани, со видлива хармонија при доселбата, дотогаш велат дека имале и хармоничен брак. Со преселбата работите се нарушија.

Од пред неколку месеци Таша влезе во фаза на авантуристички живот, промена на стилот на живеење, на облекување, на размислување, изнајде нов партнер со кого ги делеше деновиве, и доцна се прибираше дома, речиси никогаш после работа.

А се започна кога нејзиниот додворувач отишол во фирмата да се побуди поради високите  сметки кои стигнале за неговата супер моќна фирма, и кога ја видел неа, со кусото здолниште почнал да подголтнува од возбуда. Да, токму така, за Таша на шега велеа дека станала директорка поради убавите нозе, а ја завикаа и „Лепа Брена“.

Љубезно го прифатила разбеснетиот клиен, на нејзина возраст, го средиле проблемот околу плаќањето, зошто грешката била во нивната компанија.  Набрзо потоа за добро завршената работа добила најнов мобилен апарат и омилениот нејзин парфем , преку ДХЛ, кој го вратила назад, а и го известила сопругот.

-Навистина смешна случка, А каде и те најде тебе, ти подалеку од семејството и не гледаш, се шегувал нејзиниот сопруг, кој во неа имал безрезервна доверба. Како ли ти го погофил омилениот парфем „Аква ди џоја“, многу чудно, додавал.

Многу набрзо, парфемот повторно пристигнал во нејзината канцеларија, овој пат донесен лично од клиентот, кој ја замолил да ја земе (подоцна дознава дека тој всушност со лажен продил ја следел на ФБ, и ги откривал нејзините мали женски тајни).

Таша и Михајло се смееја со денови на оваа случка. Често добиваните пораки од клиентот Сашо, Таша знаела да им ги прочита и на колешките и на соседите, а најчесто на сопругот. Таа дури и му ги препраќала во истиот момент кога ги добивала

-Јас тебе морам да те имам, јас ќе те имам, јас тоа го ветивам, и пишувал упорниот Сашо, на што Михајло и возвраќал: “Ха, ха. Врати му-Кога ќе роди врбата грозје“

Но, се се случи кога за нејзиниот роденден обожавателот на работно масто испратил 101 роза и покана после работа да ја води на пијалок, тој таа и неговата сопруга, божем.  А и предложил да го земе и нејзиниот сопруг, нема ништо лошо во тоа. о прашала сопругот дали да оди , кој одобрил со зборовите- „Ајде, стори му го ќјфот колку за толку. Се знае дека нема да те има, сепак оди и остави впечаток на модерна дама“.

И се се промени тој ден. Заедничката дружба на која тој дојде сам, и пијанство, уште истата вечер резултираа со “спанџување“.  Неговите бакнежи ја разбудија пијаната Таша на соседното седиште, кога вечерта ја враќаше дома. Наместо да продолжи со другарките, како што беше му рекла на Михајло, таа остана и му се предаде на Сашо. Секој ден вбеа заедно. Прво за време на пауза, а се почето остануваа и подолго.

Пролет пукна, а Таша се повеќе покажуваше целосна незаинтересираност за сопругот и синот. Згора на се активно се вклучи и во политички ангажмани, кои не ја прославија, само колку да има оправдување за се поголемите отсуства.

Нејзината новонастаната дезориентираност доведе до големи семејни расправии, особено во утринскиот дел од денот, кога сопругот ја одвраќал од намерата да биде со Сашо.

-Свести се, скапо ќе платиш. Што се случи со тебе?

-Го сакааааам, го сааааакам! Живот би дала за него, врескаше по сопругот, кога ќе и префрлеше дека не личи да се враќа разбушавена во ноќта, а и кога ќе летнеше некој шамар кон неа.

Поминувањето покрај нивната врата будеше неизвесност од штрецнување на соседите кои наутро одеа на работа, бидејќи знаеја одеднаш да се развикаат , да се слушне бучава, кршење на предмети.

Силниот притисок и несфатената новонастаната заљубеност, не доаѓаа само од страна на сопругот.  Таквата шокантна вест одекна во нејзиното семејство.

-Ние немаме ништо со таква жена. Ти си срам за семејството, оди лечи се, и зборуваше брат и на мобилен, штом дозна што се случило.

Тоа  лето Таша избега кај другарка и. Поточно, и таа беше семејна која се вљуби во младо момче, и избега од сопругот и двата синови, изнајми стан под кирија. Во голем кошмар Таша ја доживуваше својата врска. На работа и се комплицираа работите и релациите со колешкит,е кои ја убедуваа дека не треба да се гледа со Сашо и дека тој и воопшто не е убав, за ралика од Михајло кој отсекогаш важел за убавец.

Единствен излез од ситуацијата таша го гледаше во секојдневтото одење во црква и палење на свеќа.

Оној ден, кога од работа доби отказно решение, се врати кај сопругот. Но, клучот повеќе не одговараше. Бравата беше променета.

Беше пладне, голема замарнина и мозокот откажуваше. Видно пропадната и со несредена бојосана руса коса, под која беше изникнал црниот корен, чекореше по скалите, не се ни качи во лифтот. Со другиот клуч ја отвори оставата која ја користеа сите соседи заедно. Се доближа до балконот, и се поддаде надолу, додека поминуваше соседот Панчо и и дофрли

-Шо ти се чинеше кога се швалерисуваше, мислиш сега дека сопругот ќе те прими назад? Ти завршуваш на улица и рече со остар тон.

Неизвесноста од „што сега, што, како и каде понатаму?“ во ист момент ја удрија како чекан по глава. И се замати умот. Таша почна да се гуши, да го стега вратот како да сакаше да се ослободи од стегнатоста, се вртеше неколку секунди во круг, и во бунило се наведна над балконот. Но, јасна беше нејзината намера. Во суицидните намери ја спречи  Панчо,  забележа што сака таа да направи, инстинктивно го фрли ќесето со јогуртот што го носеше , ја зграпчи за фустанот и за струјот,   и силно ја повлече нанаад.

Следуваа најкошамарните денови за Таша. По половина час Михајло се врати од работа, а Панчо со голема шокираност му раскажуваше што се случило.. Тие недели, наместо жената со видлив нервен слом да наиде на разбирање, наидуваше на осуда од сопругот.

-Мнооогу убаво, сега веќе цел свет знае што се случува во нашиот дом, кој ти го уништи. Барај си место каде ќе живееш, во мојот стан нема да живее жена која се продаде за еден парфем, секојдневно ја прекоруваше омалаксаната Таша, чиј поглед беше фиксиран во таванот.

Ни Сашо го немаше. Исчезна. Ни другарките. Ни мајка и. Ни брат и. Ни снаата. Ни внуците.  Никој. .Сопругот Михајло, кој пред луѓето е со ладна и трезвена  глава и не покажуваше хистерични реакции како и неговата сопруга, беше подмолен како маж. Се правеше со свој план и со одмазда.  На почеток на есента Михајло без збор замина со многу помлада девојка во другиот стан, што му беа го оставиле родителите пред да заминат кај другиот син во Канада.

Закрепнувањето на невработената Таша траеше со години, а лузната и остана за цел живот. Мајка и и носеше храна, а Михајло редовно си ја плаќаше алиментацијата за нивниот син Филип. Филип, всушност, беше најголемата колатерална жрвта беше нивниот син, кој тој период мораше да се откаже од школувањето , од Економскиот факултет зошто неиздржлива беше дома ситуацијата.

-Мамо, ти си како модерна Ана Каренина, се за љубов. Јас не ти се лутам, знаеше да и каже додека и ја стегаше раката.

Таа одговараше- “Ех, со татко ми Михајло, мојата прва и најголема љубов, бевме од деца заедно. Ти ни дојде како круна на љубовта. Не ме сфати тој мој човек, моја љубов, во моментите на излет и на занесеност. Да го пребродеше тоа, да не ме оставеше сама, да не ме потценуваше и навредуваше, да не ме туркаше надолу когами беше најтешко, да ме сфатешпе и вратеше назад во своите прегратки,сега ќе бевме среќно и хармонично семејство, му одгоивараше мајката со тажни и носталгични очи на својот тажен син.

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ