сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаЖенски приказни: Свекорот со зборови го уништуваше нашиот брак!

Женски приказни: Свекорот со зборови го уништуваше нашиот брак!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Насилството врз жената во едно семејство може да биде директно или суптилно, физичко или психичко. Тоа се случува во многу семејства, но многу работи остануваат во кругот за семејството, со цел да не се наруши заедничкиот живот, особено во семејства каде живеат под ист покрив.

Еден таков случај е и на Лилјана, успешна економистка и мајка на две деца. Таа се присетува дека нејзината младост била полна со стресови, поради некоректниот однос на свекорот..

-Бев сираче кога дојдов во домот на сопругот и тој беше сираче. Немаше мајка. Мислев дека заедничката болка се повеќе ќе не поврзе. Бракот ми почна со идеја за хармонија и беспрекорно взаемно почитување, и на почеток тоа така и беше. Се роди нашето прво дете. Проблемите почнаа веднаш. Сопругот беше една деценија постар од мене, високо образован и веќе добро ситуиран. Заработуваше доволно за убав живот. Неговите примања на почеток му послужија на свекорот да ми префрла дека јас не заработувам, дека живеам на нивна сметка.  Кога нашето дете наполни една година сопругот одлучи да замине во странство на работа, з ауште поголема заработка, за д акупиме стан. Останав сама со детето и неговото семејство. Следуваше канонада од навреди, секојдневни префрлувања и на крај бев принудена да заминам повторно кај мајка ми.

Лилјана ја раскажува својата приказна со солзи во очите, иако „светот“ за неа мисли дека е среќно мажена и во мошне убав брак. Донекаде и тоа е така, та анемала ниту има никаквви продбелми со сопргот. Кога своевремено сопругот заминал, па се  вратил од печалба се вратила и таа во нивниот дом, родила уште едно дете и станале четиричлено семејство.

-Луѓето најчесто мислат дека . Но голем проблем ми прават сеќавањата. Ме тресат нервите. Имаше кажани работи кои беа толку болни, ме погодуваа, а немаше никаква причина. Најмногу бев ранлива кога станав мајка, со бебенцето во раце, а јас преку ден наместо да се радувам, доживував навреди од свекорот кој тогаш стана и пензионер и претежно беше дома. Некои зборови ме печат како живи жарови, особено кога на тапет ја ставаше моето семејство, мојот покоен родител, кој воопшто не го низнаел ни познавал.

Единствена причина за нападите од свекорот биле што неговиот син не се оженил за девојката која му ја посочил, добро ситуирана и од побогато семејство.

– Тој ме одбра мене за сопруга. Сакаше да живее со мене, се сакавме. Среќата ни ја поматија тие неколку години, вели Лилјана.

Лилјана се потсетува дека и кога се вработила долго време не ја напуштало чувството на пониженост и потценетост, дури и кога станала шефица на одделение и заработувала доста висока плата. Зборовите од свекорот и создавале немир.Свекрва немала, неговата суровост од тоа што млад останал вдовец и сам се грижел за растењето на неговите деца, сега нашол на кого да ги истури.

Нејзината брачна приказна добила поинаков тек кога се вратил сопругот од печалба, си купиле стан и почнале да живеат одвоено. Немала допир со лутиот свекор, но, како добра сопруга и мајка, за време на заеднички прослави секогаш е свекорот поканет кај нив.

Лилјана денес често знае и да заплаче без причина, климаксот ја засилува таа нејзина психичка состојба, вомкоја најмногу со мислте се враќа во младоста и периодот кога се омажила, затоа што тогаш мислела дека помина бурата (од тоа што останала сираче) и дека е на сигурно, дека нашла засолниште. Но наместо засолниште, таа била изложена на психички товар.

-И ден денес се обидувам да скријам од децата што ми се случи, низ што поминав. Пробав да разговарам со некои пријателки, ме тешат со зборовите дека не е тоа ништо, не сум била тепана. Но, кој не бил жртва на насилство од овој тип, смета дека само во тепањето е насилството. Зборовите, навредите болат засекогаш. Ми ја осакати душата свекорот, и во најсреќни моменти помислувам на навредите со кои ме опишуваше, а бев негова снаа и внуци му родив.

Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ