четврток, декември 19, 2024
домаЖивотЖртвите на семејно насилство да бараат помош на националната СОС линија

Жртвите на семејно насилство да бараат помош на националната СОС линија

Швајцарија информираше дека вчера бил црн ден за семејното насилство. Само во Женева, како што пишуваанасилствот жво вајцарските портали, во текот на вчерашниот ден имало десет пати повеќе пријави за семејство насилство, а како резултат на вонредните мерки поради ширењето на коронавирусот.

Каква е ситуацијата кај нас во однос на семејното насилство немаме информација, Но, ресорното министерство објави соопштение за жртвите на семејно насилство.  Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија,  Министерството за труд и социјална политика известува  дека жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077  141 700; која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство.

Во случаи  кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на родово базирано насилство и семејно насилство, како и кога дете е жртва на семејно насилство, да се пријави до најблиската Полициска станица или надлежниот Центар  за социјална работа.“

На страната на МТСП е објавен линкот за контакт на ЦСР:

http://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx

Н.С.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ