среда, декември 11, 2024
домаЖивотСценаОдбележување на роденденот на Тоше во Крушево

Одбележување на роденденот на Тоше во Крушево

Валентина Ѓоргиевска Парго

Во Крушево утре, 25 јануари ќе се одбележи роденденот на македонската ѕвезда Тоше Проески. Тоше трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. На 25 јануари Тоше Проески требаше да наполни 37 години.

По тој повод, локалната самоуправа на Крушево, во соработка со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и со крушевското средно училиште „Наум Наумовски Борче“ на 25-ти јануари во Спомен куќата „Тодор Проески“ организира музичка манифестација. На одбележувањето на денот на раѓањето на Тоше Проески свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Крушево Томе Христоски и Елена Мирчевска, директор на спомен куќата „Тодор Проески“.

Спомен куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево каде се преку 350 експонати поврзани со животот и музичката кариера на Тоше, досега ја посетиле околу 600 000 гости од земјава и странство. Се очекува на настанот да дојде и фан клубот на Тоше Проески како и одреден број на туристи.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ