понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотМЗ: Во последното деноноќие регистрани 68 нови случаи на корона вирус, а...

МЗ: Во последното деноноќие регистрани 68 нови случаи на корона вирус, а нема ниту еден смртен случај

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: најмног новорегистрирни има во Куманово -18, па следи Скопје со 15 лица, Прилеп 14, во Струга се регистрирани нови 10 лица, во Велес 6, две лица во Тетово  и по едно ново регистрирано лице има во Битола, Гостивар и Кочани.

Заклучно со денеска бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.

Во соопштението на Минситерството за здравство се вели дека на инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.

Во последното деноноќие не е регистрирани смртен случај од корона вирусот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ