StopKorona! e мобилна апликација изработена според најдобрите светски практики во справување со Корона вирусот, наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации преку Bluetooth технологија.
Превземете ја апликацијата https://stop.koronavirus.gov.mk/share на вашите мобилни телефони и заштите се од корона вирусот самите и вашите најблиски.
Целта е мобилната апликација да даде брз одговор на здравствените органи со кои лица бил заразениот во близина во изминатите 14 дена.
Апликацијата комуницира преку Bluetooth со другите корисници на апликацијата и разменува енкриптирани, анонимизирани податоци за оддалеченоста на сите уреди кои се во ваша близина, на далечина релевантна за ширење на заразата, определено време во текот на изминатите 14 дена.
Во случај некој корисник на апликацијата да заболи од вирусот, Министерството за здравство, ќе побара корисникот на апликацијата да ја сподели со Министерството листата на неговите записи во апликацијата, по што надлежните ќе ги детектираат телефонските броеви и ќе ги информираат лицата дека биле во контакт со лице кое е носител на COVID-19 , водејќи сметка за целосна заштита на приватноста.
Со помош на апликацијата помагате доколку некој кој бил во ваша близина заболи од COVID-19 и ги сподели податоците со Министерството за здравство, ќе бидете информирани за да преземете навремени мерки за самоизолација, тестирање и лечење.
Со помош на апликацијата го штитите на вашето здравје и здравјето на вашите блиски. Со активирање на апликацијата, побрзо ќе дојдете до информација за потенцијално загрозување на вашето здравје, а со тоа ќе преземете мерки за изолација, со што го заштититувате вашето семејство.
И она е исто така важно со превземање на апликацијата покажуваме солидарност во борбата против корона вирусот. Сите корисници на апликацијата даваат личен придонес во колективната борба со оваа заедничка здравствена опасност. Колку повеќе корисници на апликацијата – толку подобри резултати во борбата против вирусот.
Н.Д.