Кога мислиме на цимет, првата асоцијација се колачи, но овој миризлив зачин не е само вкусен додаток на слатките, туку и природен лек.
Циметот е одличен извор на витамини и минерали. Содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, како и диетални влакна. Го загрева телото, го зголемува сексуалниот апетит. Исто така, има антиинфламаторни својства и го нормализира нивото на шеќер во крвта. Неколку капки масло од цимет служи и како моќен парфем.
Комбинацијата на мед и цимет се користи како природен лек од пред многу години. Лажичка мед и една четвртина лажичка цимет растворена во чаша топла вода го подобрува имунитетот и го штити организмот од вируси и бактерии.
Користењето цимет во вашата дневна исхрана е многу лесно: можете да го истурите (половина лажичка) во кафе, капучино, врело чоколадо, чаша млеко или чај. Посипете банана со една лажичка цимет. Ако јадете каша или мус за појадок, можете да ги засладите со цимет.
И ова е рецепт за коктел кој, покрај тоа што има позитивен ефект врз имунитетот, е и вистински афродизијак.
Рецепт за коктелот -Вулкан од цимет
Потребно е цимет, 1 лажица суров какао во прав, бадемово или кокосово млеко, 1 лажица масло од кокос или путер од какао, малку мед, 1 грст гоџи бобинки, 1 лажица перуански прашок, парчиња луто пиперче, неколку капки масло од цимет. Стапчиња од ванила
ПОДГОТОВКА: Сите состојки ставете ги во блендер, комбинирајте ги и пијте. Ефектите пријатно ќе ве изненадат.
Н.С.