Овој пат, не станува збор за најголема посета на концерт, туку плакета „Golden Award“. Наградата доаѓа од најголемата светска видео платформа Youtube, а Цеца е единствениот изведувач на Балканот што има еден милион следбеници на својот Youtube канал и најголем број изгледани видеа.
– Јутјуб каналот на Светлана Цеца Ражнатовиќ е официјално најголемиот канал за уметници на Балканот. Исто така, тој е најголемиот личен музилки канал во однос на остварени прегледи, над 1,5 милијарди. Точно досега се остварени 1.534.362.667 прегледи – се објаснува во објаснувањето на наградата. Значи, ова е категорија за музички канал на уметникот, односно личен канал. Ова не е комерцијален, ТВ канал или канал на некои производствени компании кои собираат различна публика со интерес и содржина – стои во објаснувањето за добитникот на наградата. Оваа информација е достапна за прегледување за сите корисници на најпопуларната апликација на „Јутуб“ каде јасно може да се види бројот на прегледи на сите видеа и бројот на следбеници во основните податоци. Ако ја погледнете аналитиката, повеќето луѓе кои редовно ги слушаат хитовите на Цеца доаѓаат од Белград, потоа од Загреб, Софија, Сараево, Подгорица и други градови. Со сите достапни информации, може да се каже дека е најверодостојно признание што е резултат на нејзината попопуларност кај публиката.
За ова признание, Цеца Ражнатовиќ вели:
– Една многу добра вест за мене, особено во овие тешки периоди. Од друга страна, ова е награда што ми ја додели повеќе милионскиот аудиториум. Горда сум и среќна! Во време кога сите сме осудени да поминуваме по цел ден дома, еден од изворите на мир или лек за душата е песната, и верувам дека многу од моите обожаватели се сеќаваат на моментите кога заедно ги пеевме нашите омилени песни и не можам да чекам да го повториме тоа – вели Цеца во оваа пригода за српски „Блиц“.
Ал.Н.