Бројот на заболени од вирусот надмина 2.467.000 низ целиот свет, со повеќе од 169.000 мртви. Вирусот се рашири во најмалку 210 земји во светот и територии и на два меѓународни крстосувачи, пренесува „Worldometers“.
Од активните случаи, дури 96 проценти се оние со поблаги симптоми, додека останатите четири проценти се во сериозна или критична состојба.
САД се уште се земја со најмногу заразени – повеќе од 784.200 и починати – повеќе од 41.837. На второ место е Шпанија, каде што бројот на заразени денес надмина 200.000 и сега изнесува 200.210, а не трето место е Италија со околу 181.000 заразени. Следи Франција со 155.243, по што Германија со повеќе од 146.390 заразени.
Зад САД, Италија е на второ место по бројот на починати со 24.000 смртни случаи, по што следи Шпанија со повеќе од 20.800. На четвртото место е Франција со над 20.200 смртни случаи, по што следи Велика Британија со околу 16.509 жртви.
Според последните податоци, во Србија потврдени се уште 312 лица со вирусот корона, или вкупно 6.630.
Во Турција се пријавени 90.980 заразени и 2.140 смртни случаи, што ја прави за најголемото жариште на Блискиот исток, поминувајќи го и Иран.
Хрватска одлучи да ги укине е-пропусници и да им даде можност на граѓаните да се движат помеѓу одделни општини и градови или окрузи, но останува препораката да останат во нивните домови. Инаку, сите хрватски граѓани кои дале крв од средата за контролни прегледи или други прегледи кои не се поврзани со КОВИД-19 се потенцијални кандидати кои ќе учествуваат во спроведување на голема студија за да се покаже колку длабоко е навлезен вирусот корона кај населението.
Во Црна Гора, 321 лица е заразено со вирусот од почетокот на коронарната пандемија. 55 се опоравиле од короната, а пет починале.
Во Италија бројот на починати, хоспитализирани и ново заразени опаѓа веќе 16 дена, но во ниту една од покраините не се регистрирани нула инфекции, а високиот број на починати останува загрижувачки. Во последните 24 починаа 433 лица.
Триесет и шестгодишниот Австриец од Стирија е првиот излечен пациент кој се лекувал со крвна плазма во Австрија. Според весникот „Клајн Зејтунг“, тој бил на интензивна нега веќе еден месец, борејќи се за живот.
Властите во Индија и Сингапур денеска соопштија дека е забележано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со вирусот во тие земји. Има значително зголемување на бројот на случаи во Индија, бидејќи се ублажени многу строги мерки за изолација со цел да се овозможи реактивирање на дел од преработувачката индустрија, како и земјоделството. Во последните 24 часа, во Индија се регистрирани дополнителни 1.553 случаи, што вкупно достигна 17.650. Во Сингапур, бројот на потврдени случаи се зголеми на близу 8000, што е повисоко отколку во која било друга земја од Југоисточна Азија.
Претседателот на Бразил, Болсонаро, изјави денеска дека се надева дека ова ќе биде последната недела во текот на која граѓаните ќе останат дома како дел од напорите за забавување на ширењето на вирусот корона. Во Јужна Америка, 100.900 луѓе се потврдени со вирусот од почетокот на коронарната епидемија, додека 4.900 починале досега.
Во еден хостел во Лисабон, во кој биле сместени баратели на азил, 138 од 175 лица биле заразени со вирусот.
Бројот на починати во Холандија се зголеми на 3.751, од кои 57 се регистрирани во изминатите 24 часа. Бројот на заразени лица во Холандија се зголеми за 750 во последните 24 часа на вкупно 33.405.
Не се пријавени нови случаи на коронарен вирус во Хонг Конг во изминатите 24 часа, соопшти Центарот за здравствена заштита за прв пат од 5 март. Така, бројот на заразени во кинескиот град останува 1.025, со досега четворица мртви.
Во Германија се олеснаа некои рестриктивни мерки, и така, по еден месец се отворија првите продавници. Сепак, ублажувањето варира од покраина до покраина, а според одлуката на федералната влада право да ги отворат своите врати за потрошувачите добиле продавницте до 800 квадратни метри големина.
Во Белгија, се отворени продавниците кои се занимаваат со украсување на куќи, градини и продажба на градежни материјали. Станува збор за релаксирање на мерките воведени во средината на март.
Властите во Париз затворија делови од водоводната мрежа откако беа пронајдени траги од вирусот корона во вода што се користи за миење на улици и наводнување на градското зеленило.
Врвот на инфекцијата „Ковид-19“ во Русија допрва треба да дојде, но властите и медицинските услуги помогнаа во забавување на нејзината стапка, изјави денеска претседателот Владимир Путин.
Н.Д.