петок, октомври 18, 2024
домаЖивотСценаСилви Бенд со велигденски концерт од балкон

Силви Бенд со велигденски концерт од балкон

Во неделата, на 19.04.2020.  од 19 до 21 часот, “Силви Бенд” одржаа концерт , од балконот на својот дом, по повод Велигден.
Соседите од населбата Козле, но и жителите на Жданец, Трнодол, Нерези , Водно, Карпош, дури некој дел од Капиштец, уживаа во прекрасните нумери на “Силви Бенд”, но и во светски хитови, евергрини, македонски, латино… Насмеани и опуштени луѓето го следеа концертот од своите  дворови, балкони, прозорци, снимајќи и танцувајќи.
Еден од своите најдолги аплаузи таа вечер, двојката Силви и Влатко го посветија на здравствените работници, за несебичната пожртвуваност во борба против Ковид 19. 
„Ангели ме носат” ги допре срцата на сите, се сплотија во еден глас и една желба –  здравје, љубов и мир секаде, во целиот свет, а сето тоа искрено им посакуваше и Силви после секоја песна.
Музичарите се посебно задоволни од овој спонтан концерт, и особено од силниот одек на фејсбук мрежата. Влатко на шега додава дека се радува што идејата на Силви ја претворил во реалност, и дека вредело што до четвртиот кат, поточно до терасата на покривот на нивната куќа, ја носел и монтирал целата опрема од нивното студио, за да се добие посакуваната перфекција на овој концерт. Среќни се што успеале да обојат една музичка вечер на нивните соседи и не да исклучуваат можност за повторно ваква музичка дружба.
Во прилог и моменти од концертот може да видите ТУКА
https://youtu.be/uctyIG6xXgM
В.Ѓ-Парго
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ