вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотЗдравјеОд денеска задолжително носете маска во јавност

Од денеска задолжително носете маска во јавност

Од денеска за заштита на населението од коронавирусот на сила е владината Уредба за задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.

Носењето е задолжително во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носење заштитна опрема на отворено е задолжително на отворени пазари и секогаш кога не можете да одржувате минимална дистанца од 2 метри од најблиското лице до вас.

Практично, доколку се движите низ гужва на улица, чекате јавен превоз со голем број патници на станицата или сте во слична ситуација да морате да бидете во непосредна близина на други лица и не можете да се одалечите на 2 препорачаната дистанца од 2 метри, задолжително носете заштитна опрема.

Заштитна опрема надвор не е задолжително ако престојувате во двор на станбена семејна куќа,
ако возите велосипед или спортувате на отворено, но ја одржувате дистанцата од минимум 2 метри, ако патувате во патничко моторно возило со лица со кои заедно живеете, или ако се движите на јавни места и површини од отворен тип каде не слободно може да одржувате дистанца од 2 метри. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ