Епидемиолошката слика во Австрија во моментов е многу добра – тие имаат под сто ново регистрирани пациенти на ден, а во просек едно лице инфицира помалку од едно лице. Затоа австриската влада предводена од Себастијан Курц размислува за олабавување на мерките. Но, на ова полека се работи, со постојан апел за внимателност и одговорност на граѓаните.
Факт е дека ситуацијата таму е под контрола, но Австрија се повеќе се плаши од нов бран на епидемии. Според сите извештаи на експертите, вирусот се крие, но и не исчезнал.
Инфектологот Роберт Краус од Универзитетот во Грац вели дека во теоријата тоа е можно, но дека се уште немаат конкретени податоци кои укажуваат дека вирусот не исчезнува. За него конкретен податок е тоа што бројот на репродукција е под 1, во кој напредува Австрија. Но ,наспроти неговиот оптимизам , во петокот австриската телевизија ЗИБ 2 во Дневник емитуваше предупредување од германскиот виролог и од универзит во Берлин, Кристијан Дростен, кој тврди дека „вториот бран на епидемијата доаѓа во зима, а со тоа и нов карантин“.
– Ние сме на средина од пандемија, а можеби и само на самиот почеток на развојот на ситуацијата и се соочуваме со опасен вирус – рече Дростен, коментирајќи ги обвинувањата дека во некои земји во Европа и светските влади преземале „превентивни“ мерки за борба против ширењето на вирусот корона. Дростен посочува дека вирусот корона не може да се спореди со САРС или со сезонскиот грип и дека никој во светот нема искуство со овој нов вирус, ниту идејата за неговор искоренување.
Дростен забележува дека летото најверојатно ќе донесе фаза на олеснување, но претпазливоста и внимателното олабавување на мерките се сè поважни бидејќи вирусот нема да исчезне. Тој додаде и дека по олабавување на мерките, ќе се зголеми и ризикот од зголемена циркулација на луѓето, а со самото тоа и негово ширење.
Во Австрија, заклучно со саботата претпладне, заразени се 15.069, хоспитализирани се 608, од кои 148 се на интензивна нега и 12.103 се излекувани. Има 536 смртни случаи, а тестирани се 221.089 лица.
А.Н.