среда, ноември 20, 2024
домаНасловнаСтјуардесите со заштитна опрема во авионите

Стјуардесите со заштитна опрема во авионите

Авио сообраќајот се соочува со најголемата криза од неговото постоење. Повеќе од 95 отсто од авионите се приземјени, а сообраќаат само оние кои вршат враќање на патници во своите држави доколку нашле надвор од неа.

И токму во ова време на подготовка за рестартирање на сите сфери од животот, па и на авио сообраќајот, многумина од оваа област прават протоколи покои понатаму ќе се изведуваат летовите. Се разбира во насока на заштита и на патниците, но и на екипжот во авионите.

AirAsia е пионир во понудата на заштитна облека за екипажот. Благодарение на филипинскиот дизајнер со седиште во Лос Анџелес, Puey Quinones ја претстави својата нова униформа. Униформата во впечатлива црвена боја, карактеристична за компанијата,  вклучува медицинска маска, заштитен визир, ракавици и специјално дизајнирано, заштитно, одело. Патниците, за прв пат, ќе бидат придружувани од стјуардите облечени од глава до пети во опрема за лична заштита.

Од авиокомпанијата велат дека тоа ќе им помогне на клиентите и вработените да останат безбедни во воздухот за време на пандемијата на коронавирус.

Персоналот ќе мора да ги носи новите униформи на сите домашни и меѓународни правци, а не се знае до кога.

„Оваа фузија на модата и безбедноста ќе ги дефинира новите стандарди на летање денес“ – се вели во соопштението на авио компанијата.

Но, и конкурентската “Philippine Airlines” излезе со соодветна униформи за екипажот во нивната авио флота. Оваа заштитна облека е дело на модниот дизајнер Edwin Tan и овозможува заштита, удобност и функционалност за екипажот да ги извршува своите должности. Униформата е во боите на авиокомпанијата, кои воедно се бои и на филипинското знаме.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ