четврток, ноември 28, 2024
домаЖивотРусија стана седма во светот по број на заразени од КОВИД19

Русија стана седма во светот по број на заразени од КОВИД19

Денес, во Русија се пријавени дури 9.623 нови случаи на вирусот, што е ново зголемување на еднодневните рекорди, така што официјалниот број на случаи во оваа земја скокна на 124.054. Повеќе од 64% од новите инфекции се во Москва и регионот на Москва. Како што расте пандемијата на вирусот, здравствениот систем на најгусто населената област на Русија се протега до крај.

Околу 9000 новозаразени се појавуваат секој ден низ цела Русија и за многу од нив нема простор во болници, а снемуваат лекови и медицинска опрема, пренесува „Москва тајмс“.

Русија со денови рушеше рекорди по бројот на заразени со вирусот, а од вчера и премиерот на земјата, Михаил Мишустин, е хоспитализиран откако беше позитивен на тестот за КОВИД-19. За време на видео конференција, премиерот го извести претседателот Владимир Путин за резултатот од тестот и истакна дека владата ќе продолжи да работи како и обично. Веста дојде во време кога Русија го надмина бројот на заразени 124.000. На глобалното рангирање најголемата земја во светот сега е седма најпогодена, со повеќе случаи од Кина, Турција, Иран, …

Сè уште добро се држи во однос на смртноста, со нешто над 1.200 починати, иако според странските медиуми овие информации треба да се земат со доза резерва.
Официјалната бројка би значела огромна ефикасност во тестирањето и лекувањето на граѓаните, што се негира преку бројни сведоштва од болниците, особено оние надвор од Москва.

Москва се бори да го зголеми болничкиот капацитет за уште 7.000 кревети бидејќи вирусот продолжува да се шири и покрај повеќе од еден месец од воведувањето на изолацијата. Главниот град е сè уште епицентарот на епидемијата, но нејзините граѓани се убедени дека имаат најдобри шанси за квалитетна медицинска нега.

Сепак, дури и таму, здравствените работници гласно зборуваат за недостаток на заштитна опрема. Исцрпениот болнички персонал очајно баra засилување.

Путин во средата обраќајќи и се на нацијата и рече дека врвот допрва треба да дојде и дека традиционалните мајски празници ќе бидат ставени во карантин.

Н.С.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ