Од понеделник Грција укинува некои од ограничувањата поставени поради коронавирусот, и прави транзиција од фазата „останете дома“ во фаза „останете безбедни“.
Властите, сепак, предупредуваат дека опасноста од враќање на пандемијата не е завршена. Фазата „останете безбедни“ е многу покомплицирана, потешка за разбирање и уште потешка за наметнување.
Од понеделник, Грците можат да патуваат во префектурата на нивниот престој без да ја известат владата за нивните движења. Исто така се отворатат мали продавници, како и фризерници, салони за убавина, книжарници. Црквите исто така ќе се отворат, но само за поединечна молитва. Личните физички вежби ќе бидат дозволени на отворени места и плажи, додека организираните плажи и натаму останувваат затворени.
Грците ќе влезат во оваа втора фаза како одговор на „Ковид-19“, со обавезно носење на заштитни маски на лице. Предвидена е строга казна од 150 евра за Грците кои нема да го почитуваат ова правило.
Од понеделник, употребата на маски е задолжително или силно се препорачува во затворени простории, како што се болници, супермаркети и продавници за намирници, и други продавници, јавниот превоз и во такси. Ова е особено важно за на местата каде има близок физички контакт, како кај фризери, бербери и салони за убавина и училишта за возачки дозволи.
„Мора да научиме да живееме со маски за лице, како што научивме да живееме со кациги за моторцикли и сигурносни појаси во автомобилите“, рече грчкиот заменик-министер за развој и инвестиции Никос Папатанасис обраќајќи им се на граѓаните и повикувајќи ги да почитуваат препораките на Владата.
Н.Д.