вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотОд утре тестирање на корона на виенскиот аеродром за патниците кои не...

Од утре тестирање на корона на виенскиот аеродром за патниците кои не сакаат да одат во карантин

Аеродромот во Виена утре ќе понуди тестови на коронавирус на лице место за да им помогне на патниците кои пристигнуваат во Австрија да го избегнат 14-дневниот карантински период, објави Ројтерс.

Патниците кои пристигнуваат на аеродромот мора да достават потврда дека не биле заразени со коронавирус направен не повеќе од четири дена пред слетувањето, во спротивно мора да се придржуваат до карантинот.

Од утре, патниците ќе можат да направат молекуларен биолошки тест за КОВИД-19, познат како ПЦР тест, на аеродромот и да добијат резултати во рок од два до три часа, соопшти аеродромот.

Минатиот месец Емирати, заедно со здравствените власти во Дубаи, објавија дека е првата авиокомпанија што прави брзи тестови КОВИД-19 на патниците.

Тестот на аеродромот, кој чини 190 евра (209 долари), може да го направат и патниците кои ја напуштаат Виена за да покажат дека не се заразени кога заминуваат од Австрија.

Од аеродромот во Виена има летови до Доха, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Лисабон, Минск и Софија, како и чартер и деловни летови. Слетувањето е забрането за авиони со висок ризик.

Австрија регистрираше 15 526 случаи на заразени од коронавирус и 598 смртни случаи. Земјата започна да ги олабавува седмичните рестриктивни мерки, со отворање на трговските центри, големите продавници и давателите на услуги, вклучително и фризерските салони.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ