Откако американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави во неделата дека постојат „значајни докази“ дека новиот тип коронавирус настанал во кинеска лабораторија, од СЗО во понеделникот се јавија со демант.
На редовната прес конфеернцијата, претставниците на Светската здравствена организација (СЗО) рекоа дека е шпекулативно тврдењето на САД дека коронавирусот потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан и побараа истрагата за потеклото на вирусот да биде научно базирана.
Кинескиот државен радиодифузер остро ги критикуваше коментарите на Помпео. Тврдењето дека вирусот излегол од лабораторија во Вухан, според нив е е целосна лага. И од СЗО велат дека од САД не добиле докази со кои се поткрепува таквото тврдење.
Н.Д.