понеделник, јануари 20, 2025
домаЖивотМадона се заразила со коронавирусот за време на престојот во Париз

Мадона се заразила со коронавирусот за време на престојот во Париз

Поп-ѕвездата Мадона објави дека била позитивна за коронавирусот на крајот од турнејата во Париз пред седум недели, а биле позитивни и некои членови на нејзината трупа.

„Кога сте тестирани позитивно на антитела, тоа значи дека го имате вирусот, што беше мојот случај бидејќи бев болна на крајот од турнејата во Париз пред седум недели, како и неколку уметници кои учествуваа во шоуто“, напишала Мадона синоќа на социјалните медиуми.

Мадона објаснува дека сите „во тоа време мислеле дека имаат сериозен грип“.

„Фала му на Бога, сега сме сите здрави“, рекла 61-годишната ѕвезда.

Сите овие детали не беа познати кога Мадона ја заврши својата светска турнеја на 9 март, пред најавените два концерта во Париз. Светската турнеја на Мадона наречена „Madame X Tour“ започна во септември 2019 година со концерти во САД, Лисабон и Лондон. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ