Соединетите држави сè уште имаат најмногу заразени од коронавирусот – 1.287.542 лица. Поттоа следи Шпанија со 256.855 и Италија, што го надмина бројот од 215.858 лица. САД, исто така, имаат најголем број смртни случаи, 76.693. На второ место е Велика Британија, која ја надмина Италија (29.958) и има најголем број смртни случаи во Европа – 30.615.
Во земјите од регионот опаѓа бројот на луѓе кои страдаат од вирусот корона, а се зголемува и бројот на излечиви лица, заштитните мерки се опуштаат, животот постепено се враќа во нормала, но со постојани апели и предупредувања од здравствените работници, затоа што вирусот сè уште е присутен.
Според најновите податоци, во последното деноноќие во Србија се регистрирани 57 новозаразени лица, а тестирани се 5,521. На респиратор има три помалку од вчера, а 3 лица, за жал, починале.
Нема нови случаи во Црна Гора, така што вкупниот број е непроменет – 324, додека бројот на оздравени е 265. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Црна Гора, починаа осум лица.
Во Босна и Херцеговина, бројот на заразени достигна 2.014 – во Федерацијата на БиХ, во последните 24 часа се регистрирани 11 нови случаи, а во Република Српска, вирусот е потврден кај уште 28 лица. Од почетокот на епидемијата во БиХ, закрепнале 945 луѓе, додека 90 починале.
Според најновите податоци на Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска, во последните 24 часа потврдени се шест нови пациенти, што го зголемиле вкупниот број на 2.255. Починале 85 лица, а излечени се 1.641 лица.
Бројот на заразени лица во Словенија се искачи на 1.449, а вкупно починаа 99 лица.
Бројот на заразени во Албанија достигна 842, откако Министерството за здравство потврди 12 нови заразени во изминатите 24 часа.
Денес, министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, апелираше до граѓаните кои биле излечени од коронавирусот да даруваат крв, бидејќи животите на тешко болните пациенти може да бидат спасени со терапијата со крвната плазма на исцелените.
Епидемиолозите во Шведска велат дека нивниот пристап кон пандемијата на корона вирусот без рестриктивни мерки е успешен, а Си-Ен-Ен наведува дека бројот на заразени и бројот на мртви не ја потврдува нивната позиција – починале над 3.000 луѓе.
Италијанските научници тврдат дека ја развиле првата вакцина што може да го неутрализира вирусот корона во човечките клетки.
Со 11.231 нови случаи на корона вирус, Русија веќе петти ден по ред бележи најголемо дневно зголемување на нови случаи, со што вкупниот број заразени достигнува 177.000, соопшти кризниот штаб за борба против епидемијата.
Мисите се враќаат во катедралите низ Италија од 18 мај во текот на втората фаза на мерки за ублажување, воведени поради коронавирусот, се вели во договорот меѓу италијанската влада и италијанската епископска конференција (ЦЕИ), постигнат денес.
Бројот на случаи во Индија надмина 56.000 лица, соопшти денеска Министерството за здравство. Аналитичарите велат дека бројот на нови инфекции не покажува знаци на забавување и покрај строгите мерки за движење.
Досега, во Африка се регистрирани 54.709 случаи на инфекција со вирус на корона, од кои се излечиле околу 18.928 лица, додека 2.075 лица починале како резултат на КОВИД-19, соопшти филијалата на Светската здравствена организација за овој континент.
Н.С.