Во иднина, ќе биде неопходен негативен тест на вирусот корона за влез во Србија, и тоа не постар од три дена. Оваа здравствена препорака беше донесена денес од Владата на Србија. Како што дознаваме, оние кои немаат потврда за тест и кој не е постар од 72 часа, ќе треба да бидат изолирани 14 дена.
Според најавите, воздушниот сообраќај во Србија ќе започне да функционира на 18 мај со намален интензитет, додека од 1 јуни Ер Србија започнва да лета на сите дестинации. Слични мерки презедоа и многу други европски земји, кои полека почнуваат да ги отвораат своите граници, но со строги безбедносни мерки.
Австријците, на пример, понудија тест за корона вирусот на самиот аеродром по пристигнувањето во нивната земја по цена од 190 евра, доколку немате да покажете тест не постар од 4 дена. Во спротивно, секој што пристигнува ќе мора да биде во 14-карантин.
Н.Д.