Студиите покажаа дека некои под видови на коронавирус, како што е САРС, би можеле да преживеат 12 дена во вода што била на собна температура. Во пресрет на летната сезона, која ќе биде исклучително неизвесна во држави ширум светот, шпанските научници спроведуваат студија во која се занимаваат со можностите за заразување на вирусот корона во базени, море или плажи, пренесува Sun.
Експертите веруваат дека новата студија ќе даде добри резултати, така што многу туристички сместувачки капацитети и хотелски комплекси ќе ги отвораат своите врати оваа сезона на најбезбеден можен начин.
Многу плажи низ Европа нема да се отворат до 8 јуни, а шпанскиот институт за туризам работи со шпанската влада за да утврди како може да се шири вирусот во хотелските области. На овој начин ќе се знае дали вирусот може да се пренесе преку песок и што се случува во водите на морето и базенот.
– Во моментот кога ќе ги имаме овие информации, ќе се направи протокол според кој ќе работат сите туристички објекти – велат тие.
– Доколку е потребно, ќе извршиме детална дезинфекција што нема да му наштети на екосистемот – велат тие.
Студиите покажаа дека некои видови на коронавирус, како што е САРС, би можеле да преживеат 12 дена во вода што била на собна температура. Сепак, повеќето експерти се согласуваат дека во големи области на вода како што е морето, тешко е да се „фати“ вирусот, бидејќи неговата концентрација се разредува таму.
Експерти од здравственото тело за контрола и спречување на болести на Шпанија, инсистираат на тоа дека ризикот од пренесување на коронавирусот преку вода е многу мал и дека нема докази дека тоа се случило досега.
Во моментов нема докази дека Covid-19 може да се шири низ базени, кади или водени површини сè додека се одржува хигиената.
Н.С.