вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотЈапонија советува како да носите маски на високи температури

Јапонија советува како да носите маски на високи температури

Додека сите во светот размислуваат за летувањето, Јапонците размислуваат за летото. Таму е во лето топло (над 35 Целзиусови степени) и влажно (90 проценти), особено откако започна глобалното затоплување, а ова е најлошата можна комбинација. Во просек, околу 1.000 луѓе умираат од срцев удар секоја година. Јапонија е исто така земја со најстаро население во светот. Но, има уште еден проблем: дехидрираност.

Најмалку двајца студенти (полот не е откриен) починаа во Кина минатиот месец за време на физичкото образование додека на лицето носеа заштитни маски.

Носењето маска во текот на летото предизвикува три проблеми, пренесува „Фајненшл тајмс“:

– запира влегување на ладен воздух што ја подигнува телесната температура на телото особено над вратот

– го задржува влажниот воздух, па се суши грлото и лицето не чувствува потреба од течност

– поради социјалниот притисок да се носи маска, луѓето пијат помалку вода.

Поради сето ова, јапонските лекари се загрижени дека носењето маски во вакви климатски услови може да доведе до неколку стотици смртни случаи. Затоа, тие им порачаа на јапонските претприемачи да направат напор и да дизајнираат маски кои ќе штитат од вирусот, но во исто време да го ладат и лицето и воздухот што се вдишува.

Одговорот беше молскавичено, па веќе има неколку понуди на пазарот, една обезбедува доток на топлина до кожата, што создава пријатно чувство, а друга компанија претходно продаваше маски во фрижидер како лименки со пијалоци. Таа маска брзо ќе престане да го лади лицето. Сега тие работат на изработка на маска за да нуди трајно освежување. Една компанија тврди дека наскоро ќе понуди маска која содржи гел за ладење.

Пазарот не е проблем. Имено, повеќето земји во Југоисточна Азија покажуваат интерес.

Сепак, лекарите наведуваат дека е од клучно значење Јапонците да развијат свест дека им е дозволено да ги симнат маските за да се напијат вода. И да не се користат професионални медицински маски со голема густина. Но, некој треба тоа да им го нареди на Јапонците, пишува „Фајненшл тајмс“. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ