понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотОд сабота од 19 часот до вторник до 5 часот повторно во...

Од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот повторно во карантин цела земја

Македонија повторно под карантин! Комисијата за заразни болести за која проектот “од варата на врата“ не е спорен, овој празничен викенд повторно ќе не затвори дома на 40 степени. Имено, Комисијата на владата и предложила целосно ограничување на движењето за време на претстојниот празничен викенд, односно полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот.

Со оглед дека има непочитување на мерките, нормално е да има нови случаи, па сметаме дека само вака ригорозна мерка ќе има вистински ефект, рече Филипче.

Тој најави дека сите други ослободувања, вклучувајќи отворање на угостителските објекти и евентуално скратување на полицискиот час се оставаат за наредната недела. Доколку Владата донесе одлука денес, угостителските објекти може да се отворат веќе во вторник.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ