среда, ноември 20, 2024
домаЖивотГрција, по примерот на Кипар, ќе го плати сместувањето на туристите кои...

Грција, по примерот на Кипар, ќе го плати сместувањето на туристите кои ќе се заразат од корона вирус за време на одморот

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Петсас, портпарол на грчката влада изјави дека Грција ќе плати сместување на секој турист кој ќе се зарази со корона вирусот  за време на престојот во оваа земја, пренесува весникот КАТИМЕРИНИ.

– Ние го правевме тоа и порано, ќе продолжиме да го правиме истото и сега. Очекуваме само спорадични случаи, или воопшто да ги нема. Епидемиолошкиот циклус во европските земји од кои ќе доаѓаат туристите кај нас се ближи кон крајот, вирусот е згаснат – додаде Петсас.

Тој посочи дека сака туристите во Грција да се чувствуваат што е можно побезбедно, исто како и граѓаните на оваа земја.

Според весникот  единственото нешто што сè уште не е јасно е дали Грција ќе плати за лекови или тоа ќе биде обврска на туристите. Како што пишуваше ТЕХТ.МК пред неколку дена и Кипар информираше дека ќе го плати целосниот третман на туристите доколку се заразат со корона вирусот за време на престојот во нивната земја.

Грција ги отвора своите граници на 15 јуни, но се уште не е сигурни дека СЕверна Македонија ќе ги дигне границите и слободно ќе може да се оди на одмор во Грција. Како и да е за одмор во Гтција нема да се бараат негативни резултати од тестот за коронавирус, а нема да биде задолжителен ниту карантинот. Вчерашната информација дека Грција ја избришала нашата земја од листата на земји за кои е дозволен влез од 15 јуни, беше веднаш демантирана.

Н.Д.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ